8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеска компанија развила нов систем кој препознава лица и преку медицински маски

Кинеска компанија развила нов систем кој препознава лица и преку медицински маски

Технологијата е развиена бидејки во Кина сите носат маски поради коронавирусот, а новиот систем за препознавање на лицата треба да помогне во борбата против таа епидемија.

Кина користи еден од најсофистицираните системи за надзор во светот, вклучително и еден за препознавање лица. Но, епидемијата на коронавирусот што избувна минатата година во кинеската провинција Хубеи, ширејќи се низ целиот свет, резултираше скоро сите во Кина денес да носат медицински маски во јавнос. Ова е голем проблем за софистициранот систем за набудување, па затоа стана уште пософистициран.

Кинеската компанија Hanwang Technology Ltd, која исто така го користи и името Hanvon за англиско говорно подрачје, тврди дека развила технологија која успешно го препознава човечкото лице дури и кога некое лице носи медицинска маска.

Доколку е поврзан со сензор за температура, системот може да ја мери температурата на телото додека го идентификува името на лицето и потоа да ги процесира резултатите ако открие телесна температура поголема од, да речеме, 38 степени, објаснува Хуанг Леи, потпретседател на споменатата кинеска компанија.

Тим од 20 лица во компанијата ја искористиле основната технологија за препознавање на лица која е развиена во последните 10 години на база на податоци со околу шест милиони маскирани лица, како и многу помала база на податоци со маскирани лица за подобрување на системот. Само им требало еден месец да го развијат и да го пуштат на пазарот.

Во продажба се два системи за препознавање на маскирани лица: едноканален, што се користи на пример на влезовите во објектите и мулти-каналниот, кој користи повеќе камери за надзор.

Може да го препознае секој во група до 30 лица во рок од една секунда, посочува Хуанг.

Кога некое лице носи маска, препознавањето може да достигне 95 проценти точност, што обезбедува позитивна идентификација на повеќето луѓе, додава Хуанг.

Нивниот голем клиент е, изненадувачки, и кинеското Министерство за јавна безбедност, во кое е вклучена и кинеската полиција.

Хуанг вели дека нивната технологија ја користат околу 200 клиенти во Пекинг, вклучително и полицијата и се очекува да го инсталираат системот во уште 20 провинции во Кина.

Реакциите на кинеските граѓани за оваа технологија сè уште не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП