20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатвор од две до 2,5 години за професори од Економски факултет

Затвор од две до 2,5 години за професори од Економски факултет

Професорите на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

Судечкиот совет денеска покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.

Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание,Стојан Дебарлиев за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Драган Денковски за давање поткуп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП