12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија по 11. пат се вклучува во акцијата „Часот на планетата Земја“

Македонија по 11. пат се вклучува во акцијата „Часот на планетата Земја“

Милиони луѓе ширум светот ќе се обединат во испраќање заедничка порака за спас на планетата Земја в сабота, на 28 март, кога ќе се одржи глобалната еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Точно во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници споменици во повеќе од 8.000 града во преку 180 држави ширум светот за да предупредат дека климатските промени се случуваат сега и тука и дека само ние како поединци ја имаме моќта да го промениме тоа.

„Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталната основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени“, се наведува во соопштението на Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата земја“.

„Часот на планетата Земја“ и Светскиот фонд за природа (WWF) оваа година ги повикуваат граѓаните да го дадат својот глас за Земјата на интернет-платформата „Глас за Земјата“. Овие потписи во текот на годината ќе бидат презентирани на светските лидери и носители на одлуки на глобалните форуми како Генералното собрание на ОН, за да помогнат во креирање нов договор за природата и луѓето кој ќе гарантира заштитување на преостаната природа и ќе се обиде да помогне во реставрирање на досега загубеното, а истовремено гарантирајќи ја нашата иднина на оваа планета.

„Глобалната стапка на губење на природата во последните 50 години е од невиден размер во човечката историја и претставува закана за човечките животи и благосостојбата во светот“, вели Марко Ламбертини, генералниот директор на Светкиот фонд за природа (WWF). „Природата е бесценет бенефит што ни обезбедува храна, вода и чист воздух, и е еден од нашите најголеми сојузници во борбата против климатските промени. Затоа е важно да го дадеме нашиот глас за Земјата, за да ги притиснеме светките лидери да донесат нов договор за природата и луѓето кој ќе гарантира иднина за сите нас“.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, „Часот на планетата Земја“ сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП