4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската економија започна да закрепнува

Јапонската економија започна да закрепнува

japo2

Јапонската централна банка денес ја задржа постоечката програма за монетарно олабавување и ја зголеми прогнозата за раст на економијата, користејќи го зборот „закрепнување“ за прв пат во последните две години.

Банката на Јапонија (БоЈ), која во април најави нова шема за откуп на обврзници, укажа на подобрување на перспективите за раст на третата најголема светска економија, бидејќи зголемената корпоративна и потрошувачка доверба ја поттикна потрошувачката, пренесува Франс прес.

„Јапонската економија започнува да бележи скромно закрепнување, благодарение на силната домашна побарувачка и забрзаниот раст на меѓународната економија“, се додава во соопштението на банката.

Банката, исто така, укажа на раст на деловните и јавните инвестиции, приватната потрошувачка и индустриското производство, како и на зголемен обем на извозот.

Членовите на Управниот одбор на БоЈ малку ја зголемија прогнозата за раст на економијата за оваа година на меѓу 2,5 до 3 процени, од априлската 2,4 до 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП