4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMorgan Stanley: Светската економија пред рецесија ако епидемијата потрае

Morgan Stanley: Светската економија пред рецесија ако епидемијата потрае

Инвестициската банка Morgan Stanley предвидува дека глобалната економија ќе влезе во рецесија ако епидемијата на коронавирусот потрае во третиот квартал од годинава.

Како што навела банката во меморандумот до инвеститорите, тоа би значело дека за цела 2020 година, светскиот БДП ќе падне 2,5 проценти.

Покрај тоа, Morgan Stanley додава дека очекува Соединетите Држави, Јапонија и Европа дека ќе влезат во техничка рецесија ако епидемијата на коронавирусот потрае уште шест месеци.

Ова предвидување следи откако инвеститорите побрзаа да побараат сигурно засолниште за својот капитал, како обврзници на САД и злато, додека акциите на светските берзи и цените на нафтата драстично паднаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП