18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ им наложи на своите вработени да работат од дома

ЕЦБ им наложи на своите вработени да работат од дома

Европската централна банка (ECB) им соопштила на повеќето од своите 3.500 работници од денес да работат од дома како би ја тестирале таа можност поради коронавирусот.

ECB ги откажа повеќето јавни настани за следниот месец, но соопшти дека нејзиниот Управен совет ќе се состане како што е планирано во четврток, пренесува Reuters.

„ECB има големи можности за работа на далечина и тестирањето треба да послужи како проверка на инфраструктурата и вработените во ECB во случај тоа да стане неопходно“, изјави портпаролот на Европската централна банка.

Се очекува ECB во четврток да ја објави одлуката за дополнителни стимулативни мерки за економијата која трпи последици од епидемијата на коронавирусот како што се ограничувања за патувања, падот на вредноста на акциите на берзите и сега веќе евидентни прекини во синџирите на снабдување, што ќе влијае на падот на довербата на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП