29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден пад на цената на нафтата поради коронавирусот

Рекорден пад на цената на нафтата поради коронавирусот

Цената на нафтата за само едне ден падна повеќе од 30 проценти на глобалниот пазар како резултат на коронавирусот, предизвикувајќи вистински хаос на светските берзи.

Според „Фајненшал тајмс“, на самиот почеток на тргувањето, цената на барелот на лондонскиот пазар падна за повеќе од 14 долари, или од 31,5 проценти, на 31,02 американски долари.

На американскиот пазар цената на барел се намали за 32 проценти на 28 американски долари.

Во петок, денот се затвори со цена од 45,27 долари, а од недела до понеделник цената се спушти во просек на 32 американски долари, што претставува пад од над 30 проценти за една ноќ.Во исто време, нафтата падна од 55 долари на 32 долари за седум дена.

Ваков драматичен дневен пад на цените на нафтата не е регистриран уште од јануари 1991 година, кога започна првата војна во Заливот и кога цените паднаа за 33 проценти.

Драстичниот пад на цената на нафтата на најниско ниво од февруари 2016 година е резултат на одлуката на Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, да ја казни Русија, вториот најголем светски производител на нафта, што не се согласи во петокот на предлогот на ОПЕК за понатамошно намалување на производството.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините доскорешни сојузници, предводени од Русија, долго време се придржуваа кон договорите за намалување на производството за 1,7 милиони барели на ден со што би се поддржале цените на нафтата, кои се под притисок поради преголемото производство.

Во последниве недели, тие беа под дополнителен притисок поради стравувањата дека ширењето на коронавирусот ќе ја забави глобалната економија и со тоа и побарувачката за нафта.

Но, Русија не се согласи на дополнително намалување, туку побара да се остане на постоечкиот договор за ограничување на производството за 1,7 милиони барели на ден.

Поради ова, Саудиска Арабија започна да ја намалува продажната цена на нафтата за испораката во април, на сите купувачи за 6 до 8 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП