2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПомпео ја обвини Кина дека не споделува информации за коронавирусот

Помпео ја обвини Кина дека не споделува информации за коронавирусот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја обвини Кина дека ги остава САД „зад линијата“ во обидот да спречат епидемија на коронавирус.

Тој ова го кажа во интервју за CNBC, наведувајќи дека е „неверојатно фрустрирачки“ да се работи со кинеската влада за да се добијат податоци за коронавирусот, што, како што рече, може да помогне во пронаоѓање на вакцината.

„Не заборавајте, ова е коронавирусот од Вухан што ја предизвика епидемијата, а информациите што ги добивме не беа совршени и не доведоа до оваа позиција. Ова не е начин како треба да се прави. Ова не е начин на кој функционира Америка, со транспарентност и отвореност и неопходно споделување на информации“, рече Помпео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП