29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП во последниот квартал лани со раст од 3.4 отсто

БДП во последниот квартал лани со раст од 3.4 отсто

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2019 година е 3.4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8.1 отсто, Ѓ – Градежништво од 6.7 отсто и С – Информации и комуникации од 5.7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3.5 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.9 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 0.8 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5.1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП