3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција забрзано купуваат злато

Русија и Турција забрзано купуваат злато

Турција во јануари на светскиот пазар купила 16,2 тони злато, а Русија 8,17 тони, објави Светскиот совет за злато.

Според рускиот весник Izvestia, двете земји се јануарски рекордери по купување на злато.

Русија во јануари купила за 30 проценти повеќе злато отколку една година порано и прв пат уделот на златото во нејзините златно-валутни резерви ја надмина границата од 20 проценти на 20,6 проценти.

Русија купува злато интензивно од 2014 година, откога купила 1244 тони, објави Izvestia.

Сегашните резерви во злато на Русија изнесуваат 2279,2 тони.

Вкупните златно-валутни резерви на Русија на 1 февруари изнесувале 562 милијарди долари, од кои во злато se 116 милијарди долари.

Во исто време, Русија се ослободила од голем дел од американските државни обврзници. Во 2018 година, Русија имала инвестирано во американски обврзници 96 милијарди долари, во април 48 милијарди, а на крајот на 2019 година само 9,98 милијарди долари.

Активата на Централната банка на Русија во долари во 2017 година изнесувала 46 проценти, а во средината на 2019 година 24,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП