18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси божествено чудо: Од чешмите им протекло вино

Речиси божествено чудо: Од чешмите им протекло вино

Жителите на едно мало село во близина на Модена, Италија, беа сведоци на речиси божествен спектакл откако во средата од чешмите им протекло црвено вино „ламбруско граспароса“, пренесува „Газета ди Модена“.

Сепак, подоцна се покажало дека нема ништо мистично во овој интерсен инцидент бидејќи станувало збор за едноставна техничка грешка во локалната винарија „Сетекани“ каде што виното од еден неисправен резервоар истекло во системот за водоснабдување.

Техничарите брзо го решиле проблемот, но зачудените локални жители успеале да складираат дел од виното за подоцна да уживаат во него, пишува „Газета ди Модена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП