8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМеѓународната изложба на автомобили се сели од Франкфурт во Минхен

Меѓународната изложба на автомобили се сели од Франкфурт во Минхен

Франкфуртскиот саем за автомобили, познат и под името Меѓународна изложба на автомобили (IAA), следната година се сели во Минхен.

Минхен ги победи Берлин и Хамбург во трката за преземање на улогата домаќин на германскиот салон за автомобили од Франкфурт.

Германското здружение на производители на автомобили (VDA) соопшти дека оваа меѓународна изложбтаа ќе биде одржана во септември следната година во Минхен.

VDA како причини за избор на овој град ги наведе „атрактивнит локации за настани, одлична сообраќајна инфраструктура и стручност во организирање на големи настани“.

До промената доаѓа бидејќи IAA настојува како и другите светски саеми за автомобили, да се развива од обичен авто салон во сеопфатна со активности исполнета платформа за мобилност, се вели во соопштението на здружението на германска автомобилска индустрија.

Инаки, во јануари, VDA најави дека Франкфурт по повеќе од 70 години традиција, повеќе нема да биде домаќин на германскиот салон за автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП