14 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот „Praktiker“ размислува да прогласи банкрот

Германскиот „Praktiker“ размислува да прогласи банкрот

praktiker1

Германскиот ланец на продавници „Praktiker“ за производи од типот „направи сам“ денес соопшти дека не успеал да собере доволно средства за да продолжи со работа и дека ќе мора да разгледа можноста за банкрот, со што ќе се загрозат работните места на 18.000 лица.

„Разговорите за дополнителните, првично ветени средства за реорганизација на бизнисот, завршија со неуспех, бидејќи одделни кредитори не одобрија средства“, се наведува во соопштението на „Praktiker“, пренесува Франс Прес.

Финансирањето на „Praktiker“ стана повеќе од потребно, откако презадолжената групација не успеа да ја спроведе планираната продажба на акции во компанијата „Batiself“, пренсува Франс Прес.

„Тоа значи дека средствата кои беа очекувани од продажбата не можат да бидат реазлизирани“, додаваат во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП