28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВака ќе изгледаат новите банкноти од 200 и 100 евра(видео)

Вака ќе изгледаат новите банкноти од 200 и 100 евра(видео)

Новите банкноти од 100 и 200 евра ќе бидат многу потешки за фалсификување. Втората серија на банкноти од 100 евра е во оптек од 2013 година, а сега се пуштени нови банкноти кои имаат безбедносни карактеристики на висока технологија кои се создадени со користење на најнова техничка опрема.

Новите безбедносни карактеристики се поефикасни и нудат подобра заштита од фалсификување.

И на новите банкноти продолжи темата “години и стилови“, а банкнотата од 100 евра содржи стил на барок и рококо.

Автентичноста на банкнотите може лесно да се провери со методот “погледни и опипај”. Новите банкноти имаат слични безбедносни карактеристики како банкнотата од 50 евра, со портретен воден жиг и кратки подигнати линии на работ на банкнотата, а поседуваат и некои дополнителни безбедносни карактеристики против фалсификување.

Новата банкнота од 100 евра е со иста ширина како и банкнотите од првата серија. Димензиите на банкнотата од 100 евра се 147 мм х 77 мм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП