6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве кои се најбрзорастечки професии

Еве кои се најбрзорастечки професии

Социјалната мрежа за деловната заедница LinkedIn објави список на 15 најбрзорастечки професии оваа година, а иако проценката е направена врз основа на податоците на корисниците од САД, со некои мали осцилации во поредокот, таа важи и за глобалниот пазар на труд.

На листата доминираат технолошките професии, инженерство, анализа на податоци и работи од STEM областа. Како што е познато, терминот STEM е составен од почетните букви од четири области – science, technology, engineering и mathematics, односно наука, технологија, инженеринг и математика.

Само неколку професии влегле во драгоцениот список, а не се од областа на технологијата, а листата се темели на зголемената потреба за тие професии во изминатите пет години.

Единствената професија со средно училиште која влегува во првите 15 е здравствен техничар. Се наоѓа на деветтото место, а особено се барани во САД. Станува збор за луѓе кои ги посетуваат и им помагаат на лицата со нарушувања од спектарот на аутизм, или пациенти кои имаат некои други проблеми со менталното здравје на кои им е потребна асистенција, мониторинг и помош.

Најбараната професија во светот според анализата на LinkedIn е експерт за вештачка интелигенција (годишна стапка на раст од 74 проценти), втората е инженер за роботика, а трета е научник за податоци.

Оваа професија – оригинално именувана Data Scientist, на неупатените им звучи како „млатење празна слама“, но станува збор за професија која во светот ја бара скоро секоја компанија и институција.

Анализите кои тие ги прават ја зголемуваат добивката на компанијата, го истражуваат однесувањето на клиентите во рамките на сопствените услуги, го прошируваат тоа истражување на пошироката популација, вршат статистички анализи, ги презентираат пронајдените законитости и предлози за подобрувања на услугите, итн.

Повеќе од 80 проценти од најбараните професии во Топ 15 се од ИТ струката. На високото четврто место на листата на LinkedIn е и Full Stack инженер за развој. Станува збор за програмери кои го одржуваат софтверот и работат на негово надградување, а петтата е повторно работа од ИТ секторот – инженер за сигурност на интернет страниците.

Следи експерт за успех на клиенти, претставник за развој на продажба, инженер за податоци, специјалист за интернет безбедност, програмер за позадина, директор за приходи, клауд инженер, JavaScript програмер…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП