24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за февруари 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за февруари 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 29.02.2020 година вкупниот промет изнесувал 795.420.118 денари и е зголемен за 36.69 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 632.283.863 денари и е зголемено во однос на јануари за 26,81 отсто кога изнесувало 498.623.924 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 631.185.938 денари и обврзници во вредност од 1.097.925 денари.

Блок трансакциите за февруари изнесувале 70.658.860 денари и се намалени за 15,17 отсто во однос на јануари.

Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2,437 и е зголемен за 34,49 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.812.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за февруари 2020 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП