6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАApple и Netflix го откажаа учеството на познатиот фестивал

Apple и Netflix го откажаа учеството на познатиот фестивал

Apple и Netflix најавија дека поради коронавирусот нема да учествуваат на фестивалот за музика и технологија “Југ-Југозапад”, кој требаше да се одржи кон крајот на месецов.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД се зголеми на 11 лица, а гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, прогласи вонредна состојба во таа држава.

Facebook, исто така, објави дека нема да учествува на фестивалот, пренесува Reuters.

Претставниците на фестивалот не коментираа веднаш за повлекувањето на компаниите од фестивалот.

Организаторите на фестивалот, кој се одржува во Тексас, претходно соопштија дека фестивалот ќе се одржи како што е планирано, и покрај големиот број откажувања поради вирусот.

Коронавирусот доведе до откажување на многу конференции и собири, вклучувајќи го и Светскиот Конгрес за мобилни телекомуникации и годишната конференција на Google.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП