29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche 911: Винтиџ автомобил со Tesla засилувања

Porsche 911: Винтиџ автомобил со Tesla засилувања

Porsche 911 од 1968 година со помош на компанијата Tesla и Zelectric е конвертиран во електрично возило, со што стана уште едно од класичните возила кои добиле и нешто посовремени елементи.

Компанијата Zelectric е специјализирана за конвентирање на класични автомобили во електрични автомобили, па во рамките на таа пракса и Porsche 911 добил Tesla P85 мотор, што е многу енергија за толку мал автомобил. Со едно полнење, ова Porsche може да помине околу 193 километри, што е импресивно кога станува збор за постари модели кои се претворени во електрични.

Возилото е преработено за да стане награда на лотарија, така што оние кои ќе уплатат билети во музејот Petersen Automotiv во близина на Лос Анџелес, ќе можат да освојат Porsche 911 од 1968 година и дополнителни 20.000 долари кои ќе се најдат во багажникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП