8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветскиот извоз падна за 47 милијарди долари

Светскиот извоз падна за 47 милијарди долари

Недостатокот на делови за индустриите кои се произведуваат во Кина поради избувнувањето на коронавирусот минатиот месец резултираше со пад на извозот од други држави во светот за 47 милијарди долари, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за трговија и економски развој.

Тоа тело на ООН, наведува дека податоците од кинеската економија покажуваат пад од два проценти, што доведува до недостиг на делови за автомобилската, хемиската, комуникациската и другите индустрии во други земји и пад на нивниот извоз.

Во падот на извозот од 47 милијарди долари, една третина го прави извозот на Европската унија на 15,6 милијарди долари, извозот на Соединетите Американски Држави на 5,8 милијарди и Јапонија на третото место со пад од скоро 5,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП