29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Словенија го запре воведувањето на 5G технологија

И Словенија го запре воведувањето на 5G технологија

Владата на Словенија го стопираше воведувањето на 5G технологија, објавија медиумите во регионот.

Како што наведуваат, владата на дневен ред ја отстранила стратегијата на регулаторната агенција AKOS за доделување фреквенциски спектар за 5G на предлог на министерот за администрација, Руди Медвед.

Тој за словенечките медиуми изјави дека „прашањата за штетноста на 5G технологијата се легитимни“. Словенија е првата земја во светот која со Устав ја заштити водата како човечко право и јавно добро, и со тоa се осигура дека нејзините извори на вода за пиење, како иден можеби најважен стратешки ресурс, да останат национално добро.

Со одложување на дебатата за одобрување на фреквенцискиот спектар за 5G додека не се истражат ефектите од технологијата врз луѓето и животната средина, направен е понатамошен чекор во заштитата на здравјето и зачувувањето на природата, пренесуваат медиумите.

И Швајцарија, исто така, пред неколку дена го одложи воведувањето на 5G по низата протести минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП