19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW го промени логото

BMW го промени логото

По Volkswagen, своето лого го менува уште еден германски производител – BMW. Со премиерата на новиот i4, германскиот производител претстави и ново лого.

Пропелерот е сè уште тука, но во радикално изменета форма. Во BMW, решија да го модернизираат знакот на сличен начин како ривалите во Volkswagen, односно го поедноставија.

Со таква модернизација, сакаат да се приближат до помладите клиенти кои пораснале во дигиталното доба.

– Стариот црн прстен е отстранет, а сега новото лого зрачи со отвореност и јасност – изјави Јенс Тимер, постар потпретседател во BMW.

Паралелно со главното лого, ќе се модернизираат и логоата на М одделот, како и подбрендот “i”.

На сите им е заеднички дводимензионалниот пристап, кој по нивното мислење изгледа многу помодерно.

Добрата вест е дека нема да стане обична налепница, туку и на автомобилот ќе има дебелина, односно 3Д финиш.

Ова е шести пат BMW да го смени своето лого. Последен пат тоа го стори во 1997 година. Меѓутоа, оваа промена е една од најрадикалните досега и прва која го исфрла црниот прстен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП