29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако коронавирусот ја натера Јапонија да го преиспита својот концепт на работа...

Како коронавирусот ја натера Јапонија да го преиспита својот концепт на работа ,,од утро до мрак”

Како јапонските власти ги повикуваат компаниите да го скратат работното време и да им дозволат на работниците да работат од дома, јавноста сè повеќе го преиспитува основниот концепт на јапонската работна култура.

Со децении, се верува дека во Јапонија клучот за секој успех е долгата работа. Во јапонските компании, вработените не можат да си одат дома пред своите шефови, а и шефовите работат многу повеќе отколку што се навикнати Европејците и Американците.

Јапонските студенти остануваат во училиштата далеку подолго од нивните европски колеги, сметајќи дека знаењето и работата се клучот за успехот на нацијата која практично нема минерални богатства.

Минатата недела премиерот Шинзо Абе, во драматичен повик за борба против ширењето на корона-вирусот, повикал на затворање на училиштата, како и борба против традиционалните табуа на јапонските фирми за работа „од утро до мрак, без оглед на тајфуните и земјотресите“.

Се чини дека големите јапонски компании како Panasonic и Mitsubishi почнаа да ги усвојуваат овие мерки наведувајќи ги своите вработени да работат од дома. Оваа промена ги наведува работодавците да воведат пофлексибилен стил на работа, но и да ги преиспитаат своите критериуми за добро завршена работа.

„Работодавците во Јапонија немаат развиен систем за проценка на работата на своите работници, и многу внимание ставаат на бројот на часови поминати на работното место“, наведува професор на еден универзитет во Токио.

„Работата од дома е само мал дел од проблемот, вистинскиот проблем е реалната продуктивност на работниците“.

Јапонските работници се познати дека доаѓаат на своите работни места дури и кога се болни, во деновите кога официјално се на годишен одмор, за да ги задоволат своите работодавци. Во денешната ситуација тоа апсолутно одмогнува во борбата против епидемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП