6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија најголем купувач на руско злато

Велика Британија најголем купувач на руско злато

Според царинските податоци, во 2019 година Русија скоро целото злато наменето за извоз го продала на Велика Британија, објави Moscow Times.

Царинските податоци покажуваат дека Британија минатата година купила злато од Русија во вредност од 5,33 милијарди долари, односно 93 проценти од рускиот извоз на најскапоцениот метал.

Русија во текот на 2019 година вкупно извезла злато во вредност од 5,74 милијарди долари.

Британското купување на руско злато е двојно зголемено во однос на 2018 година, кога изнесувало 433 милиони долари. Рускиот извоз на злато во Британија количински пораснало единаесет пати, од 10,4 метрички тони во 2018 година на 113,5 тони минатата година.

Златото спаѓа меѓу стоките кои Британија најмногу ги купувала од Русија во 2019 година, имено, за руската нафта и производите од нафта Британија потрошила 3,4 милијарди долари, 936 милиони долари на платина и 100 милиони долари на сребро.

Дванаесет други земји, вклучително и Швајцарија, минатата година вкупно купиле руско злато во вредност од 409 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП