3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Растот во 2020 година далеку под минатогодишниот

ММФ: Растот во 2020 година далеку под минатогодишниот

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека е јасно дека глобалниот раст во 2020 година ќе биде далеку под нивото од 2019 година.

Причината за ова е ширење на коронавирусот.

Таа додаде дека 189 земји членки се посветени на борбата против вирусот, кој претставува сериозна закана за светската економија.

И покрај ова, глобалниот финансиски систем е многу построг отколку пред последната финансиска криза од 2008-09 година.

Георгиева истакна дека е „неопходна доволна ликвидност за одржување на финансиската стабилност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП