26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин заштитeн од коронавирусот, Песков откри како го чуваат рускиот претседател

Путин заштитeн од коронавирусот, Песков откри како го чуваат рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин е безбеден од коронавирусот. Барем така тврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков рече дека се преземени сите мерки за заштита на претседателот од смртоносниот вирус од кој досега починаа повеќе од 3.000 луѓе и од кој заболеа повеќе од 93.000 луѓе.

„Направено е сè што е потребно за да се спречи коронавирусот да биде во близина на претседателот. Всушност, зборуваме за вообичаените превентивни хигиенски мерки што секој граѓанин на Руската Федерација може да ги примени“, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.

Никој во Русија не може да влезе во Кремљ веќе еден месец, без претходно да му биде измерена температура. Во екот на заразата, кога коронавирусот брзо се шири низ целиот свет, во Русија се регистрирани само 6 заболени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП