27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатниците што во Македонија доаѓаат од Милано и Венеција во авион ќе...

Патниците што во Македонија доаѓаат од Милано и Венеција во авион ќе пополнуваат прашалник за коронавирусот

Од денес патниците што во земјата доаѓаат со авиокомпанијата „Визер“ од Милано и Венеција уште во авион ќе пополнуваат прашалник со податоци за нивно полесно лоцирање доколку кај некој патник по слетувањето се појават симптоми на коронавирус.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денес извести дека веќе имаат договор со авиокомпанијата.

„Патниците со ‘Визер’ од Милано и Венеција ќе пополнуваат здравствена локатор-карта, што ќе овозможи добра контрола и следење на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку по неколку дена се јави некој патник со симптоми, многу лесно ќе биде да ги најдеме сопатниците од авионот, особено сопатниците што седат неколку реда пред и зад тој патник во авионот, во согласност со алгоритмите“, рече министерот Филипче.

Прашалникот што ќе го пополнуваат патниците во авионот е воведен како чекор за зголемување на контролата за заштита од вирусот.

Забраната за одржување јавни собири останува до петок кога, во зависност од состојбата, ќе се донесе нова препорака.

Филиче извести дека во изминатото деноноќие немало нови пациенти коишто се тестирани за коронавирусот освен тројцата за кои веќе беше објавено дека им беше направен тестот и резултатите покажале дека немаат коронавирус. Двајца од нив беа од Италија, а третиот од Шпанија, престојувал во тамошните болнички установи заради друга здравствена причина. Кај сите тројца имало индикација за тестирање и тестовите биле негативни.

Единствената пациентка со коронавирус којашто е хоспитализирана на Инфективната клинка министерот Филипче вели дека е добра и нејзината здравствена состојба секој ден се подобрува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП