2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд корона вирусот заболеа 92.000, починаа 3.200 луѓе

Од корона вирусот заболеа 92.000, починаа 3.200 луѓе

Во светот од корона вирусот вкупно заболеа 92.000 луѓе во 70 земји, а досега, 3.200 лица подлегнаа на инфекцијата, објави денес CNN.

Најголем број на ново заболени пациенти има во Иран – вкупно 2.700, а досега 77 починаа.

Во Јапонија, 990 луѓе се заразени со коронавирус, досега починаа 12, а најголемиот број на случаи се од крузерот Diamond Princess, кој со недели беше во карантин на пристаништето Јокохама.

Во контенентална Кина, регистрирани се околу 80.000 случаи на коронавирусот, вкупно умреа 2.980 луѓе, во Јужна Кореја 5.300 случаи, а 33 подлегнаа на инфекцијата.

Официјални бројки за Иран се 2.700 заболени, 77 со смртен исход, а во САД на денешен ден се регистрирани 125 случаи и девет умрени.

Од европските земји, во Италија има најголем број пациенти, вкупно 2.500 и 79 кои досега подлегнаа на оваа болест.

Во Франција 212 случаи, Германија 203, Шпанија 165, Швајцарија 58, Велика Британија 51, Норвешка и Шведска по 30.

Според податоците на Worldometer, во европските земји, од вчера не се пријавени случаи на ново заболени, ниту нови случаи со смртни случаи.

Трамп бара вакцина

Американскиот претседател Доналд Трамп се состана со директорите на 10-те најголеми фармацевтски компании во светот и побара од нив да го забрзаат развојот на вакцините и да најдат ефикасни третмани против коронавирусот.

Во меѓувреме, бројот на случаи на заразени и починати во САД продолжува да се зголемува. Девет лица умреа во државата Вашингтон.

„Веројатно терапиите ќе бидат достапни долго пред вакцината да биде готова и се трудиме да ги донесеме сите ефективни третмани на пазарот што е можно поскоро“, изјави Трамп по состанокот.

Тој вети дека ќе ја намали бирократската постапка за компаниите кои работат на изработка на третмани. Меѓутоа, не понуди финансиска помош, објави Voice of America.

“Ги познавам многу добро компаниите. Некои од нив се толку богати што мислам дека всушност би требало тие да позајмуваат пари на сојузната влада”, изјави Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП