24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАJPMorgan: Очекувате брзо закрепнување на пазарот? Тешко...

JPMorgan: Очекувате брзо закрепнување на пазарот? Тешко…

Глобалните пазари на капитал можеби покажаа знаци на стабилизација во понеделникот, но стратезите во JPMorgan Chase & Co. предупредуваат дека стравот од коронавирусот подолго ќе влијае на расположението на инвеститорите и ќе продолжат да вршат притисок врз акциите, одложувајќи силно и брзо закрепнување.

„Очекувајте моментален скок на акциите“, изјавија стратезите на JPMorgan.

„Меѓутоа, веројатното ширење на вирусот, како и проширувањ на опаѓачката активност, укажува на тоа дека пазарите ќе се борат за одржливо закрепнување, што потенцијално води до намалување на силниот апетит за ризик“.

Во JPMorgan велат дека стапката на зараа на вирусот најпрво ќе треба да достигне врв, што се очекува да се случи во април и мај, пред акциите да се опорават, со што S&P 500 ќе достигне нов историски максимум. Негативното влијание на епидемијата, иако сериозно, веројатно нема да го задржи економскиот раст во втората половина од оваа година.

Во JPMorgan Chase исто така изјавија дека креаторите на монетарни политики ќе ја зголемат поддршката на пазарите во неделите пред нив. Bank of Japan, Bank of England и Федералните резерви веќе испратија изјави кои можат така да се толкуваат, заклучуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП