12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВечерва и утре невреме со породен дожд, грмежи и силен ветер

Вечерва и утре невреме со породен дожд, грмежи и силен ветер

Под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса, попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава, јавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта и утре, врнежите на места ќе бидат пообилни, од 20 до 30 литри на метар квадратен, локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер што ќе достигне брзина од над 80 километри на час.

Во Скопје кон крајот на денов и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во вториот дел од ноќта и утре претпладне. Во текот на ноќта ќе дува повремено силен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП