3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаросо: Време е за инвестиции

Баросо: Време е за инвестиции

baroso1

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо вели дека по усвојувањето на долгорочниот буџет на ЕУ, дојде време за инвестиции.

Тие инвестиции според неговите зборови ќе им помогнат на Европејците кои што беа погодени од кризата.

„Инвестициите се клуч за нашите региони, за научниците, учениците и студентите, а исто така и за луѓето кои што ги погоди кризата и големата стапка на невработеност“, изјави Баросо по средбата со премиерот на Полска, Доналд Туск.

Полскиот премиер во Варшава заедно со Баросо и европската комесарка за правда, Вивиен Рединг учествува на дебата за иднината на Европа со научниците, личностите од културата и економистите.

Туск предупреди за ризикот и последиците кои во ЕУ ги остави економската, а и должничката криза.

По оваа средба Баросо во Варшава ќе биде гостин на две дебати: „Нова приказна за Европа“, предизвиците со кои се соочува стариот континент и на дебатата со граѓаните за „Европските години на граѓаните“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП