27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажан најголемиот Саем за туризам во Европа

Откажан најголемиот Саем за туризам во Европа

Најголемиот саем за туризам во Европа, “ITB Berlin”, е откажан оваа година, така што 150.000 планирани посетители нема да бидат изложени на ризик од коронавирусот.

Меѓународниот саем за туризам во Белин, инаку најголемиот во Европа, кој требаше да се одржи од 4-8 март, беше откажан поради коронавирусот.

Околу 10.000 излагачи се очекуваше да учествуваат, а 15 пати поголем број на посетители да присуствуваат, кои според организаторите, би било многу некоректно од нивна страна затоа што вирусот корона е во својот ек.

Организаторите на саемот ги уважија советите на Министерство за здравство и економија во Берлин за да го одложат настанот, а единствениот начин да се одржи е да се докаже дека секој посетител не доаѓа од регион со висок ризик и немал контакт со луѓе од тие региони. Организаторите рекоа дека не е можно да се исполни тоа барање.

Ова откажување е втор меѓународен економски настан одложен поради сегашниот вирус, по Саемот за автомобили во Женева. Експертите велат дека последиците од вирусот се далекусежни и дека допрва ќе се чувствуваат во сите сегменти на општеството, особено во економијата и туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП