11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на биткоинот по минатонеделниот остар пад

Раст на биткоинот по минатонеделниот остар пад

Биткоинот во понеделникот силно порасна, откако доживеа тежок пад минатата недела. Најпопуларната криптовалута во моментов се тргува на ниво над 8.740 американски долари, што претставува пораст од 1,9 проценти во рок од 24 часа, според CoinDesk.

Цените за седум дена до 1 март паднаа за 13 проценти, регистрирајќи ја најголемата неделна загуба од третата недела во ноември. Тогаш криптовалутата падна за 18,7 проценти во истиот период.

Пазарите на капитал низ целиот свет исто така нагло паднаа минатата недела, бидејќи инвеститорите го заобиколија ризикот поради страв дека пандемијата на коронавирусот ќе предизвика сериозно забавување на глобалната економија.

И покрај падот минатата недела, биткоинот и понатаму продолжува да го надминува златото и S&P 500 на годишно ниво, со 20 проценти добивка.

Златото, класичното средство против ризик, минатата недела падна 4 проценти – воедно и најголема неделна загуба од ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП