
Времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од Запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

