26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да се обучат и вработат дополнителни 50.000 луѓе во рок од...

Како да се обучат и вработат дополнителни 50.000 луѓе во рок од шест месеци?

Трката да вработат 50.000 луѓе во наредните шест месеци кои би се занимавале со дополнителната документација предизвикана од Брегзит започна во Велика Британија.

Имено, тамошната влада потврди дека тие се неопходни поради зголемениот обем на царинската работа, предизвикана од излегувањето на Британија од ЕУ.

Експертите предупредуваат дека ќе претставува голем предизвик да се обучаат доволен број на луѓе за ракување со сложена царинска документација, која наскоро ќе стане задолжителна во работењето со Европската унија.

Здружението Road Haulage (RHA) предупредува дека само бројот на царинските декларации ќе се зголеми од сегашните 50 милиони на 200-250 милиони примероци годишно.

Мајкл Гоув, задолжен за тоа земјата да биде целосно подготвена за Брегзит до крајниот рок, т.е до крајот на оваа година, потврди во четвртокот во парламентот на Велика Британија дека RHA проценува дека се потребни дополнителни 50.000 административни работници во наредните шест месеци, објави Guardian.

„Ни е кажано дека продуктивноста на работниците е околу 4.000 декларации годишно по човек, што е околу 20 дневно. Тоа се објаснува со комплексноста на многу трансакции“, вели Род Макензи, директор на RHA.

Но, тоа вклучува искусни и обучени работници.

„Ако имаме работа со дополнителни 200 милиони декларации, со продуктивност од 4.000 годишно по работник, тоа значи дека ни требаат околу 50.000 нови вработени, а веројатно и повеќе“, додаде Макензи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП