28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие мали промени водат до добро здравје

Овие мали промени водат до добро здравје

Храната која содржи витамин Ц во комбинација со намирници полни со железо ќе му помогне на телото подобро да ги искористи двата вредни минерали, покажаа истражувањата.

Било која комбинација брзо ќе го подобри вашето здравје, но и ќе помогне во борбата со килограмите.

Јадете храна со низок гликемиски индекс како кикиритки, грозје и разни мешунки. Ниската гликемиска храна бавно се вари и не го зголемува нивото на шеќер во крвта, па консумирањето на овие намирници делува подобро од повеќето диети кои знаат да бидат стресни за организмот.

Покрај тоа, јаболките содржат органски киселини кои не само што ги топат маснотиите и калориите, туку и помагаат при добивање мускулна маса. Таквите киселини се наоѓаат и во рузмарин, лаванда и брусница, па што почесто употребувајте ги во подготовка на оброци.

Зачините ќе го намалат количеството на сол, а ризикот од болести на крвните садови ќе го намалите и со овошје и зеленчук како круши, банани, карфиол и краставици, кои содржат флавоноиди и други антиоксиданти кои помагаат во спречување на срцев удар.

Таквото овошје и зеленчук не само што ќе го подмладат срцето туку и кожата, а благодарение на кверцетинот, ќе помогне и при воспаление. И физичкото и менталното здравје бараат еднаква количина на внимание.

Иако го биел лош глас поради добивањето на килограми, гледањето телевизија може да биде многу корисна алатка за чување на психичкото и физичкото здравје.

Еден час од вашата омилена емисија го ресетира мозокот, па можете подобро да се фокусирате на извршување други задачи. Токму таквото опуштање најдобро го репрограмира мозокот по напорниот ден.

На стресот најефикасно делуваат документарци за природа и патувања, покажало американско истражување. Дури и размислувањето за омилена серија ќе помогне да се ублажи паниката, а и фантазијата за чаша вино опушта скоро како да сте ја испиле.

„Таквата фантазија делува слично како и плацебо, односно кога луѓето ќе оздрават иако не добиле лек“, објаснува професорот Роберт Мајкл, од Харвард.

Рекламите, кои често ве вознемируваат, можат да станат добар сојузник на здравјето ако ги користите за кратки вежби.

Во зависност од тоа која област ја сметате за најкритична, смислете програма за вежбање, на пример, за време на реклами за детергенти правете склекови, а за време на реклами со автомобили правете стомачни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП