10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите музички издавачи од стриминг добиваат милион долари секој час

Најголемите музички издавачи од стриминг добиваат милион долари секој час

Слушањето музика се пресели на различни стриминг платформи последниве неколку години. Растот на вкупните приходи остварени во ова подрачје, а најновите резултати може да се видат преку приходите на трите најголеми светски издавачки куќи – Universal, Sony и WarnerMedia. Овие три гиганти, пренесува Music Business Worldwide, во текот на последниот квартал од 2019 година заедно зарботиле 2,26 милијарди долари.

Калкулаторот вели дека тоа може да се претвори во дневен приход од 24,8 милиони долари, односно 1,03 милиони долари – на час. Ова е прв пат приходите на најголемите издавачи да надминуваат износ од милион долари секој час.

Гледано поединечно, Universal со своите музичари кои има договори во последните три месеци од минатата година заработил 1,02 милијарди долари. На второто место е Sony со 669 милиони, додека Warner генерирал 589 милиони долари.

Но, кога веќе зборуваме за раст на приходите од стриминг, потребно е да се нагласи дека тој забави во 2019 година. На годишно ниво, се зголемил за 1,43 милијарди во однос на 2018 година. Една година порано, тој раст изнесуваше 1,62 милијарди долари, гледано во однос на 2017 година. Стримингот во минатата година на “големата тројка” и донел 8,35 милијарди долари, од вкупно заработени 14,9 милијарди, па на нив отпаѓа околу 56 проценти од приходите на овие музички издавачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП