19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците го напуштаат Њујорк и другите скапи градови и се селат во...

Американците го напуштаат Њујорк и другите скапи градови и се селат во поевтини

Многу Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, меѓу кои Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк, и се селат во поевтини градови, објави CNBC.

Во извештајот на Redfin, компаниите кои се занимаваат со недвижнини, за миграцијата во четвртиот квартал од 2019 година, анализирани се повеќе од милион корисници во 87 градски области низ САД помеѓу октомври и декември минатата година.

Податоците покажуваат дека клиентите на Redfin од скапите градови, како Сан Франциско или Сан Диего, бараат куќи во поевтини области во кои постојат бенефиции за градовите, како Остин или Феникс.

Тоа ни најмалку не изненадува, бидејќи Калифорнија е една од најскапите држави во САД, а нејзините граѓани секогаш одново се огорчени поради астрономскиот пораст на цените за сместување.

Едно од местата кои неодамна станаа популарни е Портланд, Орегон.

-Портланд има најповолна средна цена за домови меѓу градовите на западниот брег, што го прави атрактивна дестинација за оние кои заминуваат од скапите градови, се вели во извештајот на Redfin.

Тој град исто така нуди можности и за кариера.

„Способноста да се работи на далечина е од голема важност кога станува збор за преселување, особено во рамките на иста временска зона“, вели агентот на Redfin, од Портланд, Меган Ворен.

Еве кои се градовите, според извештајот, најбарани за преселување од наведените причини: Нешвил во Тенеси, Бостон во Масачусетс, Тампа на Флорида, Портланд во Орегон, Далас и Остин во Тексас, Атланта во Џорџија, Лас Вегас во Невада, Сакраменто во Калифорнија и Феникс во Аризона.

Во извештајот се земени во предвид податоците за просечната цена на куќите во однос на просечните приходи во градовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП