8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајлоша недела за европските акции од 2008 година

Најлоша недела за европските акции од 2008 година

Паневропскиот Stoxx 600 во петокот потона 3,8 проценти, и тоа во целост следејќи го глобалниот тренд на продажба.

Овој индекс во текот на неделата изгуби отприлика 12,7 проценти, што е најлошо од октомври 2008 година во текот на глобална финансиска криза.

Секторот за суровини падна за 4,6 проценти, и со тоа беше најголемиот губитник, но во минус беа сите сектори и сите поголеми пазари. Британскиот FTSE 100 во петокот изгуби 3,7 проценти, францускиот CAC 40 падна за 4 проценти, а германскиот DAX падна за 4,5 проценти.

Европските акции во четвртокот влегоа во областа за корекција, паѓајќи 10 проценти под рекордните максиуми забележани на 19 февруари минатата година, бидејќи брзото ширење на коронавирусот надвор од Кина предизвика турбуленции на глобалните пазари.

Седум главни азиско-пацифички пазари исто така имаа корекција. Dow во петокот се намали за уште 1.000 поени. За S&P 500 и Nasdaq потребни беа само шест дена од рекордни висини да се спуштат во подрачјето на корекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП