1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзнајмување возило преку апликација загадува повеќе од обично возење

Изнајмување возило преку апликација загадува повеќе од обично возење

Непрофитната организација “Унија на загрижени научници” (Union of Concerned Scientists – UCS) објави студија во која се наведува дека патувањата кои се закажани преку апликациите Uber или Lyft произведуваат скоро 70 проценти повеќе стакленички гасови од обичните возења со автомобили.

Во извештајот кој го пренесува порталот Electrek се додава дека градовите во Соединетите Американски Држави постепено, со децении, со регулирање на обични такси услуги успеале да ја намалат потрошувачката на гориво по поединечно возило, но дека појавата на услугите за изнајмување возачи е променета.

Uber досега објави десет милијарди возења, а Lyft уште милијарда, наведува Electrek.

Покрај тоа, корисниците сè повеќе користат апликации за закажување на возења наместо еколошки свесни начини на патување, како што се одење, велосипед или јавен сообраќај, односно го зголемуваат бројот на возења кој просечен автомобил ги поминува дневно.

Компаративно, повеќето емисии се случуваат кога возачот оди да собере клиент, односно кога се вози сам до дестинацијата, а единственото решение кое UCS го гледа е делење на едно возење помеѓу повеќе патници.

„Кога двајца патници споделуваат возило барем половина од патувањето, во суштина ги елиминира климатските штети кои ги произведуваат апликациите за закажување возење, или две патувања со приватен автомобил“, се наведува во истражувањето.

Долгорочното решение би било да се електрифицираат сите Uber и Lyft возила, велат научниците, со што би се намалиле 68 проценти од емисиите на стакленички гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП