3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот државен фонд во светот оствари 180 милијарди долари добивка

Најголемиот државен фонд во светот оствари 180 милијарди долари добивка

Норвешкиот државен фонд, најголемиот светски фонд, забележа 19,9 проценти поврат од инвестициите на пазарот, заработувајќи рекордни 1,69 трилиони норвешки круни (180 милијарди долари). Ова е втор најдобар годишен резултат на фондот, се вели во денешното соопштение.

– Ова е најголем пораст на вредноста за една година во истиот фонд, на кој можеме да се заблагодариме за позитивниот поврат на капитал во сите сектори – изјави Јингве Слингштад, извршен директор на фондот во заминување.

Минатогодишниот поврат од инвестициите изнесувал скоро 34.000 долари за секој од 5,3 милиони жители на Норвешка, а вкупната вредност на фондот сега достигнал 207.000 долари за секој маж, жена и дете, наведува CNBC.

Овој норвешки фонд сега вреди три пати повеќе од годишниот БДП на целата земја. Фондот, патем, има удел во повеќе од 9.000 компании на глобално ниво, а поседува 1,5 проценти од сите акции кои котираат на берза. Акциите на двата технолошки гиганти, Apple и Microsoft, најмногу придонесоа за приносот на фондот во 2019 година, а ги следи Nestle, додека најлоши биле Nokia, Pfizer и Swedbank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП