24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги враќа заменливите батерии на паметните телефони?

ЕУ ги враќа заменливите батерии на паметните телефони?

Претходно, имаше многу компании кои создадоа паметни телефони со заменливи батерии. Тоа значи дека во случај батеријата да ослабе и повеќе не држи како што би требало, доволно е да се купи нова и да се замени.

Наспроти денешниот дизајн на паметни телефони, каде што ако батеријата не работи, можете да одите, да ви ја заменат, но тоа може да биде скапо. Корисниците, наместо тоа се охрабруваат да купат нов паметен телефон. Меѓутоа, тоа не го сака ЕУ, бидејќи според протечениот документ на Европската Унија, сакаат да ги вратат заменливите батерии.

Ново правило веќе следниот месец?

Се очекува ЕУ да разговара за можностите да се воведе како задолжително уште следниот месец, кога, доколку се донесе закон, би можело да ги принуди компаниите да почнат со производство на телефони со батерии кои корисниците лесно може да ги заменат. Ова не е лоша идеја, затоа што може да помогне во намалувањето на електронскиот отпад, иако е веројатно дека многу компании нема да бидат премногу воодушевени.

Ова не е првпат ЕУ да се занимава со електронскиот отпад во индустријата за паметни телефони. Не толку одамна, ЕУ сакаше да го стори тоа за да можат сите паметни телефони да користат ист полнач, што во основа ќе го присили Apple да се префрли од Lightning на нешто малку пораспространето, како што е USB-C.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП