24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарината наплатила 1,4 милијарди евра

Царината наплатила 1,4 милијарди евра

Царинската Управа во 2018 година наплатила вкупно 1,4 милијарди евра приход по основ на сите давачки од компаниите и граѓаните. Годишниот извештај за работа на царината покажува дека се наплатени 91 милион евра по основ на царина, речиси 843 милиони евра од ДДВ, 468 милиони евра од акциза и 11 милиони евра од надомстоци. Резултатите се подобри од 2017 година, а во 2018 година царината наплатила вкупно за 43 милиони евра повеќе од планираното.

Додека пак последните податоци за првиот квартал од 2019 година покажуваат пад во приходите, односно потфрлање за 8,9 милиони евра во однос на планираното. Така во планот за првите три месеци лани стои дека царината треба да наплати 326,5 милиони евра приходи, а наплатила 317,6 милиони евра.

Податоците од Годишниот извештај за работа за 2018 година покажуваат што се странски и наши државјани се обиделе да прошверцуваат на граница, но биле откриени. А никој не знае колку неотриена шверцувана стока  ги преминува нашите граници.

„Во 2018 година во 16 акции спречени се обиди на шверц на 1.024.800 грама марихуана, 15 грама хероин и 2.383 грама кокаин. Спречени се 32 обиди на шверц на девизи и тоа 308.730 евра, 31.500 американски долари, 32.300 швајцарски франци и 13.000 британски фунти.

Спречени се 13 обиди на шверц на 41.786 парчиња лекови и медицински помагала, потоа обиди на шверц на 4.565 килограми и 109.411 парчиња прехранбени производи“, стои во Изветајот.

Потоа во 40 случаи спречени се обиди на шверц на 345.042 парчиња цигари и други тутунски производи, 61 обид на шверц на 80.231 готови текстилни производи и модни додатоци. 5 обиди на шверц на 2.125 грама златен накит.

Граѓани се обиделе да прошверцуваат и алкохолни пијалоци па така во 2018 година спречен е шверц на 735 шишиња од различни марки, а во 9 обиди запрен е шверц на 4.625 парчиња козметика, парфеми и средства за хигиена, како и 268 обиди на шверц на разна друга стока.

Додека пак во 58 акции привремено се задржани 175,750 парчиња и 2,506 килограми стока поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

Односно во овој период покарактеристични се случаите на привремено задржани енергетски пијалоци со 43% учество, козметички производи со учество од 24%, текстилни производи со учество од 17%, обувки со учество од 8% и други производи Во однос на потеклото на привремено задржаната стока по оваа основа, доминира Турција со околу 40% по што следи НР Кина со 38% и други земји со 2%.

Врз основа на потврдената повреда на правата од интелектуална сопственост, во 2018 година, под царински надзор биле уништени 85,712 парчиња фалсификувани производи како 81,984 парчиња шампони, 600 парчиња футроли за мобилни телефони, 564 парчиња тренерки, 450 пара влечки, 432 пара чорапи, 366 парчиња детски комплети, 327 парчиња блузи, 144 парчиња играчки и друго.

Поради непочитување пак на прописите за управување со странски моторни возила во Македонија, во 2018 година Царинската управа привремено задржала 95 патнички моторни возила, 1 товарно моторно возило, 26 моторцикли, 2 мопеди и други.

Во 2018 година извршени биле и 54 внатрешни контроли, при што во 23 случаи се констатирани неправилности од вработени во Царината.

Имало и 32 поплаки од странки на отворената царинска телефонска линија (197) и 4 on-line пријави во кои странките генерално наведуваат непрофесионално однесување на царинските службеници.

Во 2018 година донесени биле 22 решенија со кои се изречени дисциплински мерки за вработени, најчесто казна од плата, а донесени биле  2 решенија за престанок на работен однос во Царинската управа.

С.А

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП