1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од половина од светската популација редовно користи интернет

Повеќе од половина од светската популација редовно користи интернет

Во текот на изминатата година за прв пат во историјата повеќе од половина од светската популација, односно околу 4,1 милијарди луѓе, во последните 12 месеци имале пристап до интернет, според најновото истражување на компанијата Facebook.

Во истата анализа се наведува дека човештвото сега има задача преостанатите 3,5 милијарди луѓе да ги поврзе на светската мрежа, така што и тие ќе имаат можност да остварат економски напредок.

Компанијата го користела инклузивниот интернет индекс, којшто ги рангира земјите низ целиот свет во однос на пристапноста до интернет, неговата релативна цена во однос на просечните приходи и подготвеноста на луѓето да го користат.

Индексот опфаќа 100 држави во кои живеаат 91 процент од населението и во кој се остварува 96 проценти од светскиот бруто домашен производ.

Истражувањето покажува дека брзината на вклучување на граѓаните од најсиромашните земји драматично забавило во текот на 2019 година, бидејќи нивниот број се зголемил за само 3,8 проценти.

Покрај тоа, само околу десет проценти од домаќинствата во најсиромашните земји имаат пристап до интернет, додека таа стапка во развиените општества е многу поголема и изнесува 88,5 проценти.

Средно богатите земји во моментот имаат најбрз раст на бројот на корисници на интернет, бидејќи се зголемил за 12 проценти во последните пет години, и сега се приближуваат кон стапката од скоро две третини од вкупното население.

Главниот „виновник“ за зголемената достапност на интернет се мобилните уреди и паметните телефони.

Facebook исто така посочува и дека загрижувачки тренд е тоа дека мажите се почести корисници на интернет, со оглед дека во просек ги има 13 проценти повеќе. Родовите разлики во најсиромашните земји се најизразени, каде таа стапка е приближно 35 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП