Според анализата на Управата за јавни приходи, првото место на највисок годишен бруто – приход во Република Северна Македонија и припадна на граѓанка на Скопје, која пријавила 1.056.992.055 денари годишен бруто – приход. Граѓанин од Скопје е втор на листата со остварен годишен бруто- приход од 453.517.731 денари.
На листата со највисоки приходи пријавени од страна на исплатувачи, вршители на дејност и физички лица за 2018 година, освен Скопјани, има и граѓани од Гевгелија со остварен бруто- приход од 300.680.561 денари, Струмица со остварен бруто- приход од 250.741.672 денари и Тетово со остварен бруто- приход од 225.127.682 денари.