23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Ерата на нафтата ќе трае уште две децении"

“Ерата на нафтата ќе трае уште две децении”

Побарувачката за енергенси во светот, вклучително и нафтата, ќе биде актуелна и во наредните две децении, изјави министерот за енергетика Александар Новак за рускиот Прв канал.

„Што се однесува до предвидувањата, гледаме дека побарувачката за нафта во светот ќе се намали. Меѓутоа, ако погледнеме глобално, енергијата ќе биде актуелна и во наредните 20 години“, изјави Новак.

Тој истакна дека се зголемува уделот од продажбата на електрични автомобили.

Меѓутоа, сите добро знаеме дека за полнење автомобил е потребно производство на електрична енергија. И кој извор произведува електрична енергија – исто така е прашање на енергетска рамнотежа. Или е тоа гас, или јаглен, или обновливи извори на енергија: ветер, сонце, хидроенергија“, додаде тој.

Министерот за енергетика на Русија минатата година изјави дека Русија акумулирала резерви на нафта за наредните 30 години, а гас за 100 години. Тој прецизираше дека тоа се само комерцијално надоместливи резерви, кои секоја година се одржуваат на исто ниво.

Новак претходно истакна дека нивото на јаглеводороди во глобалниот енергетски биланс денес е околу 85 проценти, но за 15 години ќе се намали на 75 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП