Премиумот брендот DS, која е во сопственост на Peugeot-Citrоën, го претстави новиот луксузен седан на европскиот пазар.
Моделот DS 9 е поставен на PSA механичка платформа EMP2 со преден погон, која на пример ја користи и Peugeot 508.
Кинеската варијанта DS 9 дебитираше минатата година, а сега е претставена верзија која ќе се продава на Стариот континент.
Автомобилот е механички базиран на Peugeot 508 L со продолжено меѓуоскино растојание, кој исто така се продава во Кина.
DS9 во почетокот ќе биде достапен со “plug-in” хибриден погонски систем кој се состои од бензин и електричен мотор со вкупна комбинирана моќност од 225 КС (168 kW).
Капацитет на батеријата од 11,9 kWh ќе обезбеди автономија во возењето на струја помеѓу 40 и 50 км, додека брзината во електричен режим е ограничена на 135 км на час.
Подоцна, понудата на моторот ќе биде проширена со две опции за бензин, верзија од 250 коњски сили со преден погон, и топ модел со 360 „коњи“ и погон на сите 4 тркала.
Првото појавување на DS 9 пред публиката ќе се одигра на претстојниот саем за автомобили во Женева, а продажбата на европскиот пазар ќе започне во втората половина на 2020 година. Цените не се објавени.