25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕФрлајте помалку: Како правилно да го чувате лебот?

Фрлајте помалку: Како правилно да го чувате лебот?

Според некои проценки и до 30 проценти од храната која ја купуваме пропаѓа и ја фрламе, а една од најчестите намирници чиј вишок се наоѓа во кантата е лебот.

Не можеме без него, па често купуваме и повеќе отколку што е потребно, а ако не го чувате правилно, за три дена може да стане премногу тврд, или да почне да мириса на квасец, поради што не се јаде.

Многумина го чуваат во пластични кеси. Иако не е добра опција ако сакате да ги почитувате еколошките стандарди, тоа може да биде до некаде прифатливо решение, но само под услов да нема влага во кесата, и лебот сам по себе да не е премногу влажен. Имено, во пластичната кеса нема проток на воздух, па доколку има влага, мувлата ќе се развива порано, односно лебот ќе се расипе порано.

Еве како би требало да го чувате за да ви потрае:

Во добро затворена конзерва

Било каква кутија кај која постои можност дека може херметички да се затвори ќе биде добро решение. Важно е во нејзе да не влегува премногу воздух, зошто лебот ќе се исуши, а сепак да го има малку за да го задржи свеж.

Платнена торба за леб 

Кутијата можеби понекогаш не е практична, па друго добро решение е платнена торба за леб. Денес релативно евтино можете да ги купите, но едноставно е и да ги направите од платно. Важно е само на крајот кој останува отворен да повлечете жица, со помош на која торбата може цврсто да се затвори.

Дрвена кутија за леб

Тоа е одлично решение, а може да биде убава декорација во кујната. Но, имајте на ум – ако не станува збор за херметички затворена кутија, лебот ставете го прво во платнена вреќа, па дури потоа во кутијата.

Хартиена кеса за тост

Цврст и сув тост можете да чувате во хартиена кеса, или во пластична обвивка која сте ја купиле во продавница. Кога еднаш ќе ја отворите кесата, водете сметка откако ќе го извадите лебот кој ви треба, повторно добро завиткајте ја, за да не влезе воздух.

Петти ден – во рерна

Ако имате леб кој стоел некое време и ја изгубил текстурата, ставете го во загреана рерна неколку минути и ќе го врати нејговиот вкус и изглед. Рерната ќе ја „извлече“ влагата од него. Но, загрејте го само пред да го направите сендвичот и тоа што можеби не сте го изеле – фрлете го.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП