10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ трет нафтен гигант се откажа од бушење во јужна Австралија

И трет нафтен гигант се откажа од бушење во јужна Австралија

Норвешкиот нафтен гигант Equinor вчера објави дека се откажува од плановите за експлоатација на нафта во Големиот австралиски залив на југот на земјата.

Од компанијата соопштија дека идејата „не е комерцијално конкурентна“.

По British Petroleum и Chevron, Equinor е трета голема нафтена компанија која се откажа од бушењето во тој регион од 2016 година до денес.

Австралискиот министер за ресурси Кит Пит ја опиша одлуката како економски „исклучително разочарувачка“, но посочи дека владата останува посветена да изврши притисок за нови предлози за дупчење во потрагата по нафта и гас.

Компанијата на овој чекор се одлучи по силното спротивставување од групите за зачувување на животната средина низ целата земја, кои тврдат дека морскиот парк не смее да се претвора во ново нафтено поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП