26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТекстилната индустрија пред колапс: 13.000 работници помалку, затворени 143 текстилни фабрики

Текстилната индустрија пред колапс: 13.000 работници помалку, затворени 143 текстилни фабрики

За 12 години бројот на вработени во текстилната и кожарскаат индустрија се намалил за 15.000 лица, а за пет години биле затворени дури 143 текстилни фабрики во земјава. Така во 2008 година во секторот работеле 43.000 лица, а сега има околу 30.000 вработени. Во 2012 година имало 1.096 текстилни компании, а на крајот од 2017 година биле 95. Ова го покажала анализата на експерти за перспективите на текстиланата и кожарската индустрија и потребата од зголемување на продуктивноста. Од Здружените на текстила кожарска индустрија при Стопанската комора на Македонија алармираат дека покрај ниската продуктивност поради нискиот технолошки развој на компаниите на состојбата на оваа индустрија влијае и нефункционирањето на правната држава, сивата економија и егзодусот на младите.

“Со олеснувањето на условите за вработување од германската влада, овој проблем може да биде уште понагласен. Во таа насока сме исправени пред три големи предизвици: владеењето на правото, реформи во образованието и структурни реформи – изјави Ангел Димитров”, претседател на дружените на текстила кожарска индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Вкупниот извоз на текстилната индустрија (облека, обувки и кожа) лани изнесувал 543 милиони евра што е 8,5 отсто учество во вкупниот извоз на државата, но воедно и намалување од 6,5 проценти во однос на извозот во текстилната индустрија во 2018 година кога вредноста била 581 милион евра или 38 милиони помалку.

Професорот Дарко Лазаров, пак, смета дека, државата треба да обезбеди системска поддршка базирана на пазарна логика за преструктуирање на компаниите за да се одржи овој економски сектор.

“Покрај тоа, важно е и компаниите самите да ја утврдат побарувачката на светскиот пазар каде што ние во нашата анализа на економијата за оваа индустрија увидовме дека се бара зимска опрема. Компаниите треба да увидат која земја какви производи бара за да можат да се преструктуираат во таа насока. Вкупно 182 производи од оваа индустрија имаат компаративна предност”, вели Лазаров.

Според него, потребно е носителите на државни политики да се воздржат од неприродно зголемување на платите за да не ги доведат во криза компаниите.

“Платите треба да бидат одраз на продуктивноста на трудот. А овде во оваа индустрија продуктивноста е ниска и секое ново неприродно зголемување на платата ќе биде повод за затворање на фирмите. Бидејќи оваа индустрија на ова ниво на продуктивност веќе се наоѓа на раб на егзистенција. Платите во текстилната ииндустрија на пример сочинуваат 85 отсто од додадената вредност на компаниите, а 15 отсто останува за капиталот. Од годишно остварена додадена вредност од 4.625 евра, 3.900 евра завршуваат за плати. Тоа говори во каква состојба е оваа индустрија”, вели Лазаров.

Според Димитров пак во текстилниот сектор има значајно зголемување на платите. Сега просечната плата на текстилните работници е 17.816 денари, додека во 2009 година била 9.135 денари.

Младите гледаат што се случува во развиениот свет, гледаат колку се заработува. Не дека таму се многу среќни. Ние можеме да дадеме максимум плата колку што е до нула профит. Но никој нема од газдите, не само во текстилот и во другата индустрија да вади од веќе стекнатиот профит и да ги зголемува платите. Значи мора платите да се заработат“, вели Димитров.

Друг проблем според него е и тоа што бизнисмените од текстилната индустрија сѐповеќе размислуваат да го преселат својот капитал во други сектори бидејќи во земјава веќе нема кадар, а опаѓа и профитабилноста.

Дел од бизнисемните веќе не се осмелуваат да инвестираат во нова опрема и технолошко усовршување бидејќи не веруваат во развој на текстилната индустрија и вложуваат во други бизниси. Градат хотели и фотоволтаични централи каде што сметаат дека нивниот капитал ќе има поголем ефект. Тоа е легитимно и се базира на нивната проценка, вели Димитров.

Според него пак  коронавирусот во Италија може да стави клуч на врата на кумановските фабрики за чевли. Голем дел од северот на Италија каде најчесто се извезуваат македонските чевли е под карантин, и ако ескалира состојбата во Италија, можнен е целосен прекин на соаботката со кумановските компании.

“Во најлоша состојба сега моментално е кумановското стопанство, таму е кожарската индустрија многу развиена и не знам ако се случат сега проблеми со корона вирусот во Италија верувајте дека може целосно да запре целата индустрија”, вели Димитров.

Од здружението потенцираат дека е неминовно итно преструктурирање на производството во овие дејности, модернизација и автоматизација на целокупниот производствен процес, како и производство на производи со повисока додадена вредност. Бараат државата да спроведе итни реформи во образованието и во стопанството, но и да стави крај на сивата економија и митото и корупцијата во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП