24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВорен Бафет конечно купи iPhone

Ворен Бафет конечно купи iPhone

Милијардерот Ворен Бафет конечно стана горд сопственик на паметен телефон. Овој 93-годишен деловен магнат, кој е сопственик, меѓу другото и на 5,6 проценти од акциите на Apple, изјави дека се префрлил од флип телефон на најнов паметен телефон.

Го заменил стариот телефон со најнов iPhone

Бафет, еден од акционерите во компанијата на Apple, изјави дека конечно се префрлил од својот Samsung Haven флип телефон на iPhone 11, иако не прецизираше точно за кој 11 станува збор. Не сакаше понатаму ништо да открива, само што неговиот стар телефон „исчезнал за стално“.

Интересно е дека Ворен Бафет не го купи новиот телефон, туку неколку луѓе му го поклониле, меѓу кои е и Тим Кук, извршниот директор на Apple, кој со години го убедуваше да се префрли на паметните телефони.

На интернет кружи и шегата дека Кук изјавил дека доколку е потребно, лично ќе долета до Бафет доколку му е потребен сервис за телефонот.

Ворен Бафет својот нов iPhone ќе го користи исклучиво за телефонски повици, додека најновиот iPad ќе го користи за истражување и проверка на цените на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП